Вечерва Свечено отворање на 7. Филозофски Филмски Фестивал

     Според BBC најдобриот американски филм воопшто. Според Sight & Sound веќе 50 години на врвот на листата најдобри филмови. Според нас, идеален филм за официјалното отворање на 7. Филозофски Филмски Фестивал – „Граѓанинот Кејн“ (Citizen Kane, 1941) на Орсон Велс. Филмот ќе биде придружен со излагање на тема „Навраќање“ на проф. д-р  Љубомир Цуцуловски од Филозофскиот факултет во Скопје. Настанот ќе се одржи во Кинотеката на Македонија со почеток од 19.00 часот и ќе го отвори првото интернационално издание на Филозофскиот Филмски Фестивал.

00 Cuculovski photo     Љубомир Цуцуловски (р. 1948, Битола) е професор по Филозофија на религијата, Теории за религијата и Увод во филозофијата на Филозофскиот факултет во Скопје. Дипломирал на Катедрата за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје, магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, а во 1992 година докторирал по филозофски науки на Филозофскиот факултет во Скопје, на тема „Карл Маркс: Раѓањето на историскиот материјализам (1841-1849)“.

     Неговиот филозофски интерес насочен е, пред сè, кон проблемот на човековата алиенираност, како и кон темелните филозофски прашања кои се непосредно поврзани со метафизичките прашања за Бог и за неговото постоење. Особено внимание посветува на прашањето за постоењето на злото во светот, под претпоставка дека сеумниот, седобриот и семоќниот Бог го создал светот.


     Ljubomir Cuculovski (b. 1948, Bitola) is a professor on Philosophy of religion, Theories of religion and Introduction in Philosophy at the Faculty of Philosophy in Skopje. He graduated at the Institute of Philosophy, Faculty of Philosophy in Skopje, he received his master’s title at the Institute for Sociological, Political and Juridical Research in Skopje, and he received his PhD in philosophical sciences on the Faculty of Philosophy in Skopje in 1992, with a dissertation on Karl Marx: The Origin of Historical Materialism (1841–1849).

     His philosophical interest is centered on the problem of human alienation, as well as the fundamental philosophical questions regarding God and God’s existence. He is particularly interested in the problem of the existence of evil in the world, under the assumption that the Almighty God has created the world.

Бес (Rage) на Michał Węgrzyn

7.

06.04 (четврток) 17.00

БЕС (RAGE, 2016)

Игран филм, Полска., 82 мин., колор

Режија и сценарио: Michał Węgrzyn

По кавгата со својата сопруга, Адам оди кај љубовницата. Подоцна, трчајќи 20 километри на патот до дома го пресретнува телефонски повик кој му го менува животот. Сопственикот на телевизијата за којашто работи го унапредува во уредник на вечерните вести што е остварување на неговите соништа. Пред очите на Адам се исцртува блескава кариера и иднина, не знаејќи дека животот му е во распаѓање… Адам има само деведесет минути да си го среди животот.


After a quarrel with his wife, Adam spends time with his mistress at the gym. Later, as he runs 20 kilometers to get home, he takes a phone call, which is his dream come true. The owner of a TV station promotes him to evening news editor. Adam’s imagination conjures up a vision of a brilliant career. He doesn’t suspect his world will soon collapse… Now he has 90 minutes to patch up his life.

Website: http://www.wmwfilm.pl/

Facebook: https://www.facebook.com/wscieklosc/

СЕ ЗА ЛУЃЕТО (All About People) на Giorgi Abashishvili

6.

05.04 (среда) 17.00

СЕ ЗА ЛУЃЕТО (All About People, 2016)

Игран филм, Грузија, 72 мин., колор

Режија: Giorgi Abashishvili

Девет приказни од Грузија и Германија раскажуваат за убавината и трагичноста на човекувањето. Едно момченце го очекува изненадување на патот до училиштето. Млад молер ја открива магичната моќ на поезијата. Загубениот човек на железничката станица е во залудна потрага по времето, додека еден старец го губи својот внук во големиот град, а еден човек талка по гробиштата. Една двојка е заслепена од сончевиот сјај, а еден старец се збогува со сонцето и со светот на луѓето. Полни со надеж, девственост, нежност и возвишеност овие приказни базирани на делата на грузискиот писател Нодар Думбадзе (Nodar Dumbadze) зборуваат за човечката состојба во сите нејзини бои.


Nine episodes about the humorous, unexpected
and sometimes tragic moments of life.

About the first poem and the last hope,
the first love and the last breath,
the first conversation with the sun
and the last thanks to it.

Based on short stories of Georgian writer Nodar Dumbadze.

Poster All_about_People

Website: http://www.nurfilmgroup.de/mankind.html

Вдовицата во црно (The Widow in Black) на Farzin Kamalinia

 

5.

04,04 (вторник) 17.00

ВДОВИЦАТА ВО ЦРНО (The Widow in Black. 2016)

Игран филм, Иран, 80 мин., колор

Режија и сценарио: Farzin Kamalinia

Симин е осамена и ментално растроена жена. Откако исчезнува нејзиниот сопруг, таа е принудена да го преземе животот во свои раце и да се соочи со мажите на кои најзиниот сопруг им е должен. „Вдовицата во црно“ е приказна за загубата, нестабилноста и одмаздата, за моралните дилеми при соочувањето со злото. Иранскиот режисер Камалиниа визуелно ни го илустрира постепеното губење на свеста на една жена којашто се одвојува од стварноста и одлучува да прави опасни нешта.


Simin is a lonely and mentally unstable woman. Her husband has disappeared recently. Now she has to confront men who have put her under pressure. Her mental problems worsen and she gradually loses her connection to reality, so she decides to do some dangerous things.

Website: http://www.widowinblack.co.nf/

Пријатели на ФФФ 2017

sponzori

      Огромна благодарност до сите соработници, спонзори и медиумски покровители на првото интернационално издание на Филозофскиот Филмски Фестивал. Фестивалот оваа година доби поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија, и по втор пат од Град Скопје станувајќи дел од културниот живот на Македонија. Соработници на Фестивалот се: Филозофскиот факултет при Универзитетт „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, НУ Кинотека на Македонија, Унверзитетот за аудиовизуелни уметности Европска, Филмска, Театарска и Танцова Академија – Скопје (ЕФТА) и ЈУ Младински Културен Центар. Соработници на ФФФ Караванот се: Филмската академија при УГД Штип, МСУ „Г.Р. Державин“, Акиндин и Дебатно кино „Контра Кадар“. Спонзори на Фестивалот: Камник, Горска, „Аз-буки“, Мартини и РЖ Институт, а медиумски покровители: 24 Вести, Канал 103, Окно и Cinema.mk.

Бизнис на источен начин (Eastern Business) на Igor Cobileanski

4.

03.04 (понеделник), 17.00

БИЗНИС НА ИСТОЧЕН НАЧИН (Eastern Business, 2016)

Игран филм, Романија, Литванија, Молдавија, 87 мин., колор

Режија и сценарио: Igor Cobileanski

Црна комедија од Молдавија која ја отсликува траги-комичната Источна Европа. Двајца мажи, Маријан и Петро коваат план да заработат пари како бизнис партнери. Едниот сонува да се омажи за својата вереница, а другиот да купи кран и да живее изнајмувајќи го. Со измами, пресврти и чуда двајцата се обидуваат да ги надминат темните околности во кои живеат и без разлика на апсурдните ситуации во кои се наоѓаат да не го изгубат оптимизмот. Станува збор за филм кој ги меша двата радикални полови на драмата и комедијата во што режисерот, Игор Кобиелански, се чувствува најудобно.


Eastern Business is a dark comedy full of humor and absurd situations. The film tells the story of an unlikely friendship between two Moldavian men, Marian (Constantin Puscasu), a 45-year-old intellectual choir singer, and Petro (Iona Sapdaru), a 40-year-old sneak thief loser. Confronted with poverty and lack of perspective, the two men start an exhausting journey, trying to make money to reach their dreams. Marian wishes to finally marry his fiancée, Veronica, and Petro dreams about buying a crane and earning money from its rental.

Getting acquainted in jail after a stupid fight, Marian and Petro decide to become business partners and start working towards a plan. They manage to close a deal with three Caucasian gangsters and buy a wagon full of horseshoes, but they are soon robbed and everything seems to be turning to dust. Even if they are constantly followed by bad luck, the two men don’t lose their optimism and always try different things to earn their money. Eastern Business is a charming tragic, yet comic, film about how absurd and sarcastic sometimes life proves to be.

Website: http://www.antipode-sales.biz/movies/eastern-business/

Награди / Awards: PÖFF 2016 2 Bronze Wolf Statuette for the Best Script and for the Best Actor PÖFF 2016

Storyhacking Masterclass со Кристин Син

  masterclass-logo    Оваа година, покрај проекциите на филмови проследени со излагања на теми и дикусии со публиката, 7. Филозофски Филмски Фестивал ќе понуди и два мастеркласа за сите љубители на филозофијата и филмот заинтересирани за подлабоко проникнување во филмската уметност. Покрај мастеркласот со Иван и Моња Јовиќ непосредно по проекцијата на филмот „Исцеление“ на 31 март, во рамките на фестивалот мастерклас ќе одржи и нашата специјалнна гостинка од Норвешка, Кристин Син. Македонската премиера на „Со вперени камери“ (Shooting Ourselves) ќе се одржи на 1 април (сабота) со почеток во 20.00 часот, додека претходниот ден, 31 март (петок) со почеток од 13.00 часот во Кинотеката на Македонија Кристин Син ќе одржи мастерклас отворен за сите заинтересирани.

31-ви март (петок), 13.00-15.00 часот во Кинотеката на Македонија.

Storyhacking Masterclass

christine-300x187

Кристин Син (Christine Cynn), уметник и режисер, веќе 20 години си игра со начините на креирање, раскажување и аплицирање приказни. Син ја разбира имагинацијата како автентична виртуелна стварност, структурирана главно од наратив. Мастеркласот ќе има форма на хакатон за правење приказни (storyhacking game). Понесете пенкало и нешто од вашата кујна (овошје, шолја, кујнски прибор, сардини). Смартфон е пожелен, но не е нужен.


Storyhacking Masterclass

Artist and filmmaker Christine Cynn has been re-purposing storymaking/storytelling/storyapplication for 20 years. She sees imagination as the original virtual reality, structured largely by narrative. Please come ready to participate in a storyhacking game. Bring a pen and something from your kitchen (fruit, cup, utensil, sardines). A smartphone is helpful but not necessary.

Влезот за мастеркласот е слободен. За учество, пожелно е познавање на англискиот јазик.

Смак (Smac) на Elias Demetriou

3.

02.04 (недела), 17.00

СМАК (Smac, 2015), игран филм, Грција, 110 мин., колор

Режија и сценарио: Elias Demetriou

Што се случува кога ќе дознаеш дека твоето време истекува? Кое е најважното нешто доколку ви кажат дека се ближи крајот на вашиот живот? Жена, чија смрт е речиси на прагот, решава да покани бездомник во својот дом. Во обид да го надмине стравот од смртта сфаќа дека повеќе не се грижи за својата смрт, туку за туѓата. Елиас Димитриу, режисерот на филмот, вели дека ова не е филм за болката и страдањето, туку приказна за тоа како да љубиме и да веруваме во другите. На пример, во еден странец без покрив над главата… 

————————————————————————————————————-

A seriously ill woman brings home a homeless man trying to overcome her fear of death to discover that it’s not her death she fears more.

Website: http://www.ammosfilms.com/smac.html

Facebook: https://www.facebook.com/smac.movie

Награди/Awards: Athens Outview Film Festival, Athens (April 18, 2016) – Audience award, Greece; Hellenic Film Academy Awards, Athens (February 19, 2016) – Best Actress award, Greece; Cyprus Film Days film festival, Limassol (April 20, 2016) – Audience award, Cyprus; Otranto Film Festival, Lezze (September 16, 2016) – Awarded as Best Film by the Student Jury of Unisalento University, Italy

Лампедуза (Lampedusa) на Peter Schreiner

2.

01.04 (сабота), 17.00

ЛАМПЕДУЗА (Lampedusa, 2015)

Игран филм, Австрија, 130 мин., црно-бел

Режија и сценарио: Peter Schreiner

Една жена и еден маж. Островот Лампедуза – местото каде што им се вкрстуваат патиштата на бегството. Захарија, во своите доцни дваесетти години е бегалец од граѓанската војна во Сомалија, којшто го ризикувал животот на бродовите преку Медитеранот. Џулија, во своите педесети, е турист од Северна Италија и бега од личните тегоби. Овој филм (кој е ненаметлива мешавина на документарен и игран филм) е експериментално дело на Питер Шрајнер базирано на искуството дека кинематографијата е секогаш на некој начин поврзана со автентичноста. Прикажуван и наградуван на бројни филмски фестивали, „Лампедуза“ низ суптилните психолошки димензии на средбата помеѓу Захарија и Џулија отвора голем број на егзистенцијални прашања за живтотот и смртта, но и за нашата политичка стварност.


A woman, a man. The island of Lampedusa, where their escape routes intersect. Zakaria, in his late twenties, from Somalia, who has risked his life coming to the island on a small boat when fleeing civil war in his country. Giulia, in her mid-fifties, a tourist from Northern Italy, on the run from deep personal crises. Both have returned to the island. Giulia, recovered but facing a life-threatening illness, and Zakaria, as a journalist now living in Rome.

Website: https://www.echtzeitfilm.at/films/lampedusa/

Facebook: https://www.facebook.com/people/Peter-Schreiner/100011313882113

Награди/Awards: IFFI – International Film Festival Innsbruck Austria (May 26, 2016) IFFI-Award for Best Documentary, Prize of the Town of Innsbruck, Austria; Human District International Film Festival, Serbia, Beograd (June 21, 2016) – Human Time Award for Best Feature Film, Serbia; Mirabile Dictu – International Catholic Film Festival, Italy Rome, Vatican City (June 23, 2016) Mirabile Dictu – Award, “The Silver Fish” for Best Director, Italy; El Ojo Cojo International Film Fest, Spain Madrid (November 20, 2016) – Guino Award for Best Feature Fiction Film, Spain.

 

Аманет (А Father’s Will) на Bakyt Mukul и Dastan Zhapar uulu

     Почнувајќи од денеска, во наредните 10 денови до фестивалот ќе ви ги претставиме филмовите од компетитиниот дел на ФФФ 2017 – Официјалните селекции на долгометражни и краткометражни филмови. Станува збор за седум извонредни филмски остварувања во селекциите на долгометражни и краткометражни филмови кои истовремено се и филозофски релевантни и податливи. На крајот на проекциите, публиката ќе има можност преку гласање да одлучи кои филмови ќе го прогласиме за Најдобар долгометражен филм и Најдобар краткометражен филм според публиката на Филозофски Филмски Фестивал 2017.


          Starting from today, in the 10 days until the beginning of the festival, we will present you with the nominated films in the Official Selection of Feature Films and the Official Selection of Short Films on PFF 2017. It was our pleasure to receive submissions of films from all around the world, out of which 7 entered the Official Selection of Feature Films, and 14 the Official Selection of Short Films. At the end of the projection, the public will have a chance to decide for the Best Feature Film and Best Short Film Audience Award.

1.

31.03 (петок), 17.00

АМАНЕТ (А Father’s Will, 2016), игран филм, Киргистан, 112 мин., колор

Режија и сценарио: Bakyt Mukul, Dastan Zhapar uulu

Враќајќи се од Америка кадешто живеел како имигрант 15 години, Азат се враќа во Киргистан во неговото родно село. Неговиот татко, Мурат, умира во туѓина и му остава аманет на синот да ги врати долговите. Филмот кој беше селектиран од Киргистан како кандидат за „Оскар“ во категоријата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, е филмско деби на двајцата режисери кое отвора бројни прашања за миграцијата како тема, не само на луѓето од Киргистан, туку и на модерното општество во целина. Може ли по долго отсуство некој навистина да се врати дома?

 After living as an immigrant in the USA for 15 years, Azat flies to Kyrgyzstan to his family village. His father, Murat, died in the USA a year ago. It was his dying wish to pay back the money he owed to the villagers. Azat discovers the family home derelict. Choro, the younger brother of Murat, and their relations left a long time ago. Despite most villagers not liking him. One day, Choro, who was imprisoned because of Murat, arrives and the most important question about Murat’s will is decided.

Facebook: https://www.facebook.com/AFATHERSWILL

Награди / Awards: Montreal World Film Festival, Montreal (August 31, 2016) – Golden Zenith for the Best First Fiction Feature film, Canada. Eurasia International Film Festival, Almaty (September 27, 2016) – “Tulpar” award in nomination “Best Central Asia film”, Kazakhstan